Историја

Историјата кажува дека денешната територијата на  општина Чешиново-Облешево одсекогаш била центар на овој регион каде биле лоцирани органи на државната управа за секоја власт своевремено.Историските податоци кажуваат дека уште со формирањето на кралството СХС па се до крајот на Втората Светка војна овде било лоцирано седиштето на локалната власт на српските управители а подоцна и на бугарските кметови за време на Втората светска војна.

Со првиот закон за територијална организација на општините во Република Македонија од 1996 година на оваа територија постоеле две општини и тоа Општина Облешево и Општина Чешиново. Со законот за територијална организација од 55/2004, 12/2005 година  општина Чешиново се припои кон општина Облешево во заедничка општина со едно име Општина Чешиново-Облешево