Индустриски зони

Локација 1.

Назив:Индустриски дел с.Чешиново

Сопственост:Приватна

Површина на атарот:16,35 ха

Локација: Од Магистрален пат М5 до влезот на с.Чешиново

Локацијата е погодна за дејностите:Производство, преработка, трговија

Инфраструктура: Се наоѓа непосредно до Магистралниот пат М5. Водоводната мрежа поминува непосредно покрај локалниот пат Л1 кој го поврзува с.Чешиново со Магистралниот пат М5 (лесна достапност до подземни води), канализационен систем со пречистителна станица функционира во населеното место Чешиново. Во индустрискиот дел сеуѓте нема спроведено канализациона мрежа.

Информации: Близина до Магистралниот пат М5 кој ја поврзува Република Македонија со Република Бугарија. Оддалеченост од поголемите центри, од Штип 20км, од Кочани 10км. Оддалеченост од општинскиот центар Облешево 3км.

 

Локација 2

Назив:Дел од урбан блок „4“ Облешево

Сопственост:Државна

Површина на атарот:8,00 ха

Локација: На влезот во с.Облешево, непосредно покрај магистралниот пат М5

Локацијата е погодна за дејностите:Производство, преработка, трговија

Инфраструктура: Пристапност до водовод, канализација, асфалтни патишта.

Информации: Близина до Магистралниот пат М5 кој ја поврзува Република Македонија со Република Бугарија.