Изградба на експресен пат Штип-Кочани

По потпишувањето на договорот со ЕБОР ќе започне изградба на нов експресен пат од Штип до Кочани. Македонија доби од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дополнителни 21 милион евра со кои се овозможува, наместо реконструкција на постоечкиот, изградба на нов експресен пат од Штип до Кочани. Експресниот пат ќе биде со должина од 28 километри и ќе има четири ленти. Изградбата се очеува да започне во првиот квартал следната година.

Денес Градоначалникот на општина Чешиново – Облешево Г-н Костадин Личков на прес за медиумите изрази Благодарност до Владата на РМ за изградбата на експресен пат Штип-Кочани .
– Изградбата на овој пат е од особено значење за општина Чешиново-Облешево , со изградбата на оваа делница која ќе минува низ територијата на општина Чешиново –Облешево значително ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, а ќе се влијае и на заштита на животната средина. Освен подобрување на патната инфраструктура со овој пат очекуваме да се подобри и економскиот и стопанскиот развој како за нашата општина така и за целиот Источен регион, истакна градоначалникот Костадин Личков.12196288_484147178455889_2788722615360272420_n

12191641_484147258455881_4173768300268395265_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *